Почитувани,

На наше задоволство, имаме чест да ве поканиме на свечено доделување признанија на најдобрите во автомобилизам за сезона 2021, кое ќе се одржи во ресторанот „ДУКАТ“ во Капиштец, Скопје – на ден 23.03.2022 година со почеток во 20:00 часот.

Ве замолуваме поканата да ја проследите до натпреварувачите од Вашиот клуб кои се пласирани на првите три места од шампионатот на Република Северна Македонија во автослалом и ридски патеки.

Поради лимитиран број на присутни лица во ресторанот и придржување на протоколите за ковид-19, би сакал да напоменам дека од клубот ќе може да присуствуваат Претседателот на клубот, како и уште еден претставник од истиот. Во однос на натпреварувачот, истиот може да биде придружуван од уште едно лице.

 Со почит

Почитувани,

              Агенцијата за млади и спорт за реализација на Проектот Ваучер во спортот во прилог ги доставува обрасците:

  • Образец2 – Барање за користење на средства од даночно ослободување за клуб,
  • Образец3– Барање за користење на средства од даночно ослободување за спортист. Пополнетите обрасци треба да ги доставите во архива во Автомобилистичка Федерација на Македонија во печатена форма (и во електронска форма на е-маил [email protected])   НАЈКАСНО ДО 18 ЈАНУАРИ 2022 година

Барање – В2 – спортски клуб
Барање – В3 – активен спортист
БАРАЊЕ – В2 – за даночно ослободување од спортски клуб
БАРАЊЕ – В3 – за даночно ослободување од активен спортист

Автомобилистичката федерација на Македонија распишува конкурс за натпревари во 2022 година.

Сите заинтересирани АК и АКК своите пријави, заверени и потпишани да ги достават до АФМ најдоцна до 15.01.2022 година.

Се известуваат сите АКК и АК, како и нивните натпреварувачи кои се членки на АФМ, да достават план и програма за 2022 година до секретаријатот на АФМ најдоцна до 20.12.2021 година. Доставените со задоцнет рок нема да се сметаат за валидни.