Согласно со изречените препораки од страна на Владата, се известуваат сите учесници на спортскиот натпревар Пониква 2-21 кој ќе се одржи на 04-05.09.2021 со себе задолжително да поседуваат и приложат еден од следниве документи:

  • Сертификат/потврда за извршена имунизација(вакцинација) од вирусот SARS-Cov-2,
    односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
  • Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена,
    сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Дополнителни информации во врска со мерките за заштита од КОВИД-19 на следниот линк

НАПОМЕНА:
Натпреварувачите потребно е во пријавата да ги наведат со име и презиме лицата за техничка подршка и истите да ги поседуваат и приложат горе наведените документи.

Земајќи во предвид новонастанатата ситуација со КОРОНА ВИРУСОТ и следејќи ги упатствата, препораките и забраната (Се забранува одржување на сите спортски настани и натпреварувања пред присуство на гледачи – публика) на владата и  на Министерство за здравство го доставуваме следното :

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Автомобилистичката Федерација на Македонија ги одложува сите предвидени натпревари од календарот за автомобилистички натпревари ,  состанокот со членките на Централно Европската Зона,  како и предвидениот семинар со предавачи од ФИА кои треба да се одржат во наредниот период.

Во зависност од  понатомошните препораки и одлуки на владата навремено ќе бидете известени.

 

Превзеди документ PDF : Известување до АКК на АФМ