Почитувани,

На наше задоволство, имаме чест да ве поканиме на свечено доделување признанија на најдобрите во автомобилизам за сезона 2021, кое ќе се одржи во ресторанот „ДУКАТ“ во Капиштец, Скопје – на ден 23.03.2022 година со почеток во 20:00 часот.

Ве замолуваме поканата да ја проследите до натпреварувачите од Вашиот клуб кои се пласирани на првите три места од шампионатот на Република Северна Македонија во автослалом и ридски патеки.

Поради лимитиран број на присутни лица во ресторанот и придржување на протоколите за ковид-19, би сакал да напоменам дека од клубот ќе може да присуствуваат Претседателот на клубот, како и уште еден претставник од истиот. Во однос на натпреварувачот, истиот може да биде придружуван од уште едно лице.

 Со почит