Автомобилистичка федерација на Македонија за ‘‘Скопје Круг 2017‘‘

Почитувани,

 

Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) изразува длабока жалост за учесниците во денешниот инцидент кој се случи на кружната трка во Скопје и се оградува од секаква одговорност за настанатиот инцидент на  трката бидејќи трката беше  организирана од лица кои не се членови на Федерацијата , спротивно на сите правила на Федерацијата и очигледно без задолжителни безбедносни мерки за организирање на вакви натпревари. Федерацијата укажа на сите органи кои ја подржаа вака организирааната трка, вклучително и Агенцијата за млади и спорт и Министертсвото за внатрешни работи, кои навремено беа известени дека трката се организира спротивно на правилата на АФМ  и без никакви безбедносни мерки.
Очекуваме во иднина, Агенцијата за млади и спорт и сите останати државни органи, да не  дозволат како што дозволија овој пат да се организираат натпревари од неовластени организатори, спротивно на правилата на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) чија членка е АФМ.